Првичната излезна анкета покажа дека нема да има јасен победник на предвремените парламентарни избори во Хрватска, отворајќи пат за продолжување на политичката несигурност во најновата членка на Европската унија, јави АП.
Левичарската Народна коалиција освои 58 места во 151-члениот парламент, според излезната анкета, спроведена од независната агенција „Ипсос Пулс“, објавена на државната телевизија. Конзервативната партија ХДЗ има 57 места, додека клучната партија Мост доби 11 места.
Ова се втори избори за помалку од една година, откако претходната влада, составена од ХДЗ и Мост се распадна во јуни, помалку од шест месеци на власт, парализирана од препукувањата помеѓу коалициските партнери.