„БИ-БИ-СИ“ СУСПЕНДИРАШЕ ВОДИТЕЛ ПО ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ПЛАЌАЛ НА ТИНЕЈЏЕР ЗА СЕКСУАЛНО ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИ

    „БИ-БИ-СИ“ СУСПЕНДИРАШЕ ВОДИТЕЛ ПО ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ПЛАЌАЛ НА ТИНЕЈЏЕР ЗА СЕКСУАЛНО ЕКСПЛИЦИТНИ ФОТОГРАФИИВо петокот, британскиот весник „Сан“ објави сведоштво на жена која обвини неименуван водител на „Би-Би-Си“ дека плаќал на нејзиното 17-годишно дете за сексуално експлицитни фотографии. (Фото: Пекселс)

    Британската јавна телевизија „Би-Би-Си“ потврди дека ги истражува обвинувањата за несоодветно сексуално однесување од страна на еден од нивните водители. Исто така, оттаму потврдија дека водителот е суспендиран.

    „Би-Би-Си ги сфаќа сериозно обвинувањата и ние имаме робустна интерна процедура за да се справиме проактивно со ваквите наводи. Важно е овие работи да се третираат фер и внимателно. Можеме да потврдиме дека машки член на редакцијата е суспендиран“, соопшти денеска „Би-Би-Си“.

    Во петокот, британскиот весник „Сан“ објави сведоштво на жена која обвини неименуван водител на „Би-Би-Си“ дека плаќал на нејзиното 17-годишно дете за сексуално експлицитни фотографии.

    Веста доведе до тоа неколку водители на „Би-Би-Си“ како Гери Линекер, Рајлен Кларк и Џереми Вајн да излезат со сооштенија дека не се предмет на написот на „Сан“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира