БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НЕКОЛКУ ТЕШКИ НЕДЕЛИ, КАЖА ТРАМП ОТКАКО БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ ВО САД ПОРАСНА ЗА 26.000

    БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НЕКОЛКУ ТЕШКИ НЕДЕЛИ, КАЖА ТРАМП ОТКАКО БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ ВО САД ПОРАСНА ЗА 26.000Трамп ги продолжи препораките за седење дома и социјално дистанцирање до 30 април (Фото: АП)

    Доналд Трамп ги предупреди Американците дека тешки денови се пред нив откако ги продолжи препораките за социјално дистанцирање до 30 април. Тој претходно најавуваше дека планира повторно да ја отвори американската економија до средина на месецот.

    „Сакам секој Американец да биде подготвен за тешките денови што се пред нас. Ќе поминеме низ многу тешки две недели. Следете ги препораките, зашто можат да значат живот или смрт“, изјави Трамп.

    САД забележаа голем пораст од 26.000 новозаразени во последните 24 часа, со што вкупната бројка се ближи кон 200.000. Починале над 4.000 луѓе, од кои 1.550 се во сојузната држава Њујорк.

    Најновите проценки на експертите кажуваат дека САД можат да очекуваат меѓу 100.000 и 240.000 мртви од КОВИД-19, дури и ако луѓето седат дома и ги ограничат контактите.

    Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутиереш изјави дека ова е најголемата светска криза по Втората светска војна, додека светските берзи претреа историски загуби во првите три месеци од годината, при што њујоршкиот индекс Дау Џонс и лондонскиот ФТСЕ го забележале најголемиот пад од 1987 година. На светско ниво, повеќето индекси останаа повеќе од 20% пониски во споредба со почетокот на годината.

    На светско ниво сега има 860.000 заразени и над 42.000 починати од КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира