БИВШ МЕНАЏЕР НА ПРОПАДНАТАТА ФИРМА „ВАЈРКАРД“ ОСОМНИЧЕН ДЕКА СО ПЕТМИНА БУГАРИ УАПСЕНИ ВО БРИТАНИЈА ШПИОНИРАЛ ЗА РУСИЈА

    БИВШ МЕНАЏЕР НА ПРОПАДНАТАТА ФИРМА „ВАЈРКАРД“ ОСОМНИЧЕН ДЕКА СО ПЕТМИНА БУГАРИ УАПСЕНИ ВО БРИТАНИЈА ШПИОНИРАЛ ЗА РУСИЈАЈан Марсалек е во бегство од 2020 и се верува дека е во Русија (Фото: ДПА)

    Бившиот менаџер на германската фирма за финансиски услуги „Вајркард“, Јан Марсалек, е осомничен дека бил дел од мрежа која шпионирала за Русија во Велика Британија. Според канцеларијата на јавниот обвинител во Лондон, Марсалек имал клучна улога во посредувањето помеѓу Москва и петмина бугарски државјани, обвинети дека се руски шпиони.

    Марсалек разменил пораки со член на групата за набавка на воена опрема во име на Русија, обезбедување шпионски алатки, пресретнување комуникации и за вршење физички надзор и непријателска активност против цели на руската држава“, објави обвинителството.

    Тој исто така ѝ дал задача на групата да набљудува локации од значење за Русија, како база на НАТО во Германија.

    Петтемина Бугари беа уапсени во февруари, додека Марсалек веќе некое време е во бегство и се верува дека е во Русија. Тој се смета за главен осомничен за скандалот со „Вајркард“, која пропадна во 2020 поради проневера на 1,9 милијарди евра. Марсалек ја напушти Германија откако стана јасно дека фирмата ќе пропадне.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира