БИВШ ШЕФ НА ГЕРМАНСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА УАПСЕН ЗА ШПИОНАЖА И ПРЕДАВСТВО

    БИВШ ШЕФ НА ГЕРМАНСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА УАПСЕН ЗА ШПИОНАЖА И ПРЕДАВСТВОАвгуст Ханинг ја предводеше Федералната разузнавачка служба од 1998 до 2005 (Фото: АП)

    Поранешниот шеф на германската разузнавачка служба Август Ханинг е уапсен под сомнение за шпионажа, предавство и обезбедување класифицирани информации за странска сила, соопшти германското федерално обвинителство. Ханинг ја предводеше Федералната разузнавачка служба (БНД) од 1998 до 2005 година и оттогаш работи како приватен консултант.

    Обвинителите тврдат дека тој користел класифицирани разузнавачки информации за да подготви анализа за една странска разузнавачка служба и одржувал контакт со друга странска шпионска служба. Истражителите не открија кои странски сили биле вклучени.

    Полицијата го уапси и поранешниот функционер на БНД, Манфред Д,, обвинувајќи го дека му предал на Ханинг околу 2.000 класифицирани документи за пари. Манфред Д, кој останал во БНД до оваа година, е обвинет за помагање и за поттикнување на предавство и предавничка шпионажа.

    „Сегашните наоди сугерираат дека низ годините Манфред Д. му обезбедил на Ханинг приближно 2.000 документи, од кои многу содржеле класифицирани информации што требало да ги користи исклучиво Федералната разузнавачка служба за внатрешни цели“, соопшти обвинителството.

    Ханинг е обвинет и дека неколку години бил во близок контакт со претставник на друга странска разузнавачка служба, на кого му пренесувал политички информации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира