БИВШ ЗАПОВЕДНИК НА РУСКИТЕ ВОЗДУШНИ СИЛИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО МИСТЕРИОЗНИ ОКОЛНОСТИ

    БИВШ ЗАПОВЕДНИК НА РУСКИТЕ ВОЗДУШНИ СИЛИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО МИСТЕРИОЗНИ ОКОЛНОСТИВладимир Свиридов своевремено го критикувал Путин дека раководи со „третокласни воздушни сили“ (Фото: Икс)

    Поранешен заповедник на руските воздушни сили е пронајден мртов во мистериозни околности заедно со неговата сопруга. Одликуваниот генерал-полковник Владимир Свиридов (68) и неговата сопруга Татјана (72) биле мртви околу една недела пред нивните тела да бидат пронајдени, известија руските медиуми.

    Тој своевремено го критикувал Владимир Путин дека раководи со „третокласни воздушни сили“, предупредувајќи дека високи офицери си заминуваат поради слабите плати и услови.

    Руските медиуми објавија дека причината за смртта на Свиридов засега не е утврдена. Тој и неговата сопруга биле пронајдени во нивниот дом во селото Аџиевски во регионот Ставропол. Новинската агенција „РИА новости“ објави дека на нивните тела немало траги на насилство.

    Свиридов бил назначен од Путин за заповедник на Шестата армија на руските воздушни и одбранбени сили и на оваа функција бил од 2005 до 2009, напуштајќи ја по серија јавни критики за состојбата во која што се наоѓаат руските вооружени сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира