БИВШИОТ ХРВАТСКИ ПРЕМИЕР САНАДЕР ДОБИ ШЕСТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПРИМАЊЕ МИТО

    БИВШИОТ ХРВАТСКИ ПРЕМИЕР САНАДЕР ДОБИ ШЕСТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПРИМАЊЕ МИТОСанадер е веќе во затвор за друг случај на корупција (Фото: Пиксел)

    Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер доби шест години затвор за примање мито при продажбата на нафтената компанија „Ина“ на унгарски „МОЛ“.

    Санадер, кој веќе е во затвор за друг случај на корупција, беше обвинет дека примил десет милиони евра за на Унгарците да им го препушти одлучувачкиот глас во работењето на „Ина“. Парите ги добил од тогашниот директор на „МОЛ“ Жолт Херњади, кој истовремено е осуден на две години затвор за давање мито, но е недостапен за хрватското правосудство.

    „Иво Санадер се договорил со Херњади дека за сума од 10 милиони евра ќе му го препушти на ‘МОЛ‘ одлучувачкиот глас во работењето на ‘Ина‘. На седница на Владата, тој побарал да се прифати извештајот со кој на ‘МОЛ‘ му се препушта управувањето со ‘Ина‘, што било и прифатено“, изјави судијата при изрекувањето на пресудата.

    За оваа злоупотреба на службената положба од 2009 година Санадер веќе беше осуден, но пресудата беше поништена од Уставниот суд.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира