Бившиот пакистански премиер Имран Кан е застрелан и ранет на протестен марш во источниот град Визарабад. Од неговата партија ПТИ кажаа дека во пукањето се ранети четири лица, но нема загинати.
Кан бил погоден во нога и негов соработник кажа дека не е во животна опасност. Напаѓачот наводно е уапсен.
„Тоа беше обид да го убијат, обид за атентат“, изјави висок функционер од ПТИ.
Седумдесетгодишниот Кан предводеше марш кон главниот град Исламабад со цел да бара вонредни избори.