БИВШИОТ ШЕФ НА КАМПАЊАТА НА ТРАМП ОСУДЕН НА 47 МЕСЕЦИ ЗАТВОР

    БИВШИОТ ШЕФ НА КАМПАЊАТА НА ТРАМП ОСУДЕН НА 47 МЕСЕЦИ ЗАТВОРМанафорт важеше за републикански политички гуру, кој советуваше претседатели и странски лидери (Фото: Ројтерс)

    Бившиот шеф на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манафорт, е осуден на 47 месеци затвор за даночна и банкарска измама. Тој минатата година беше обвинет за прикривање приход од десетици милиони долари, што ги заработил како политички консултант во Украина и наредната недела го очекува уште една пресуда, за незаконско лобирање.

    Овие обвиненија произлегоа од истрагата за можното мешање на Русија во изборите во 2016 година. Се верува дека 22-месечната истрага на специјалниот советник Роберт Милер е при крај.

    Манафорт (69), исто така, ќе мора да врати 24 милиони долари и да плати казна од 500.000 долари.

    „Последните две години беа најтешките во мојот живот. Малку е да се каже дека бев понижен и посрамотен“, кажа Манафорт во судот во Александрија, Вирџинија.

    Манафорт во Вашингтон важеше за републикански политички гуру, кој советуваше претседатели и странски лидери. Тој беше обвинет дека сокрил 55 милиони долари на офшор банкарски сметки во Кипар, што му биле исплатени за советување на проруски политичари во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира