БИВШИТЕ КАТАЛОНСКИ ЛИДЕРИ ДОБИЈА ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ОД 9 ДО 13 ГОДИНИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 2017

    БИВШИТЕ КАТАЛОНСКИ ЛИДЕРИ ДОБИЈА ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ОД 9 ДО 13 ГОДИНИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 2017Референдумот за независност на Каталонија се одржа во 1 октомври 2017 иако Мадрид го прогласи за неуставен (Фото: Ројтерс)

    Врховниот суд на Шпанија осуди деветмина каталонски сепаратистички лидери на затворски казни од девет до 13 години поради нивната улога во референдумот за независност од 2017 година.

    Тие се ослободени од обвинението за насилна побуна, но се прогласени за виновни за злоупотреба на јавни средства и за поттикнување на побуна. Највисоката казна од 13 години затвор ја доби поранешниот потпретседател на Каталонија Ориол Хункерас, додека на по 12 години се осудени бившиот регионален министер за надворешни работи Раул Ромева, поранешниот портпарол на владата на Каталонија Жорди Туруљ и поранешниот министер за труд Долорс Баса.

    Влијателните активисти за независност Жорди Кишар и Жорди Санчес добија по девет години затвор.

    „Време е да се реагира како никогаш досега“, изјави бившиот претседател на Каталонија Карлес Пуџдемон, кој од октомври 2017 живее во азил во Белгија.

    Референдумот за независност на Каталонија се одржа на 1 октомври 2017, и покрај тоа што Мадрид го прогласи за неуставен и се обиде насилно да го спречи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира