БЛИЗНАЦИТЕ НА ЗАТВОРЕНАТА ИРАНСКА АКТИВИСТКА МОХАМАДИ ЈА ПРИМИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР ВО НЕЈЗИНО ИМЕ

    БЛИЗНАЦИТЕ НА ЗАТВОРЕНАТА ИРАНСКА АКТИВИСТКА МОХАМАДИ ЈА ПРИМИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР ВО НЕЈЗИНО ИМЕДецата на Мохамади го прочитаа нејзиниот говор прошверцуван од затворот (Фото: АП)

    Седумнаесетгодишните близнаци на затворената иранска активистка Наргес Мохамади ја примија Нобеловата награда за мир во нејзино име. Мохамади, која служи десетгодишна затворска казна, ја доби годинашната награда за нејзината борба против угнетувањето на иранските жени.

    Во говорот прошверцуван од затворот и прочитан од нејзините деца, таа ја осуди тиранската влада на Иран.

    Иранскиот народ со истрајност ќе ги надмине угнетувањето и авторитаризмот. Тоа е сигурно, нема сомнение“, напиша 51-годишната Мохамади.

    Таа со години важи за една од најугледните ирански активистки за човекови права и речиси постојано е во затвор од 2010. Досега била апсена 13 пати и осудена пет пати, добивајќи вкупно 31 година затвор. Моментално е во затвор за ширење пропаганда.

    Нејзиниот сопруг, политичкиот активист Тагхи Рахмани, живее во егзил во Париз со нивните деца и со години не се виделе.

    Отпорот е жив, борбата не слабее. Отпорот и ненасилството се нашите најдобри стратегии. Тоа е истиот тежок пат по кој Иранците чекореле до денес, благодарение на нивните историска свест и колективна волја“, вели Мохамади.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира