БЛОКАДИ И ПРОТЕСТИ ВО ЦЕТИЊЕ ПОРАДИ УСТОЛИЧУВАЊЕТО НА НОВИОТ МИТРОПОЛИТ, НА КОЕ ДОАЃА И СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХ

    БЛОКАДИ И ПРОТЕСТИ ВО ЦЕТИЊЕ ПОРАДИ УСТОЛИЧУВАЊЕТО НА НОВИОТ МИТРОПОЛИТ, НА КОЕ ДОАЃА И СРПСКИОТ ПАТРИЈАРХДемонстрантите наредија група жени во првиот ред на барикадите (Фото: Вијести)

    Во Црна Гора растат тензиите во пресрет на утрешното устоличување на новиот митрополит црногорско-приморски Јоаникиј, при што група граѓани ги блокира приодите кон Џетиње, каде што треба да се одржи церемонијата.

    Противниците на устоличувањето во цетињскиот манастир, на што треба да присуствува и српскиот патријарх Порфириј, ги пробија полициските блокади и протестираат на магистралниот пат Подгорица-Цетиње, на кој поставија барикади од камења, автомобилски гуми и контејнери. Демонстрантите наредија група жени во првиот ред на барикадите.

    Демонстрантите бараат церемонијата да не се одржи во Цетиње (Фото: Вијести)

    Блокиран е и патот кон Будва, за да се спречи доаѓањето на жителите на Херцег Нови и Тиват на вечерашната свеченост пред соборниот храм во Подгорица.

    Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, ги повика сите политички актери да придонесат за мирот во земјата, откако социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ ја повикаа Српската православна црква да го премести устоличувањето од Цетиње. Од митрополијата кажаа дека тоа нема да се случи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира