БЛОКИРАН ИЗБОРОТ НА КАНДИДАТОТ НА ОРБАН ЗА НОВ ЕВРОКОМЕСАР ЗА ПРОШИРУВАЊЕ

    БЛОКИРАН ИЗБОРОТ НА КАНДИДАТОТ НА ОРБАН ЗА НОВ ЕВРОКОМЕСАР ЗА ПРОШИРУВАЊЕОдбивањето на кандидатурата на Трочањи се смета за голем удар за Виктор Орбан (Фото: ЕПА)

    Унгарецот Ласло Трочањи нема да биде нов еврокомесар за проширување откако неговата кандидатура беше одбиена од Европскиот парламент поради конфликт на интереси, што се смета за голем удар за Виктор Орбан.

    На сослушувањето на кое што требаше да биде потврден изборот на Трочањи, кој е поранешен министер за правда на Унгарија, било кажано дека има недоследности во неговите финансии, поради што тој беше блокиран. Овие сослушувања се предуслов за официјално потврдување на предложените кандидати за комесари и освен Трочањи, не помина ни кандидатката на Романија за функцијата комесар за транспорт.

    Трочањи, кој требаше да го наследи Јоханес Хан, беше министер за правда од 2014 до 2019 година и иако не е член на владејачката партија Фидес, тој ја предводеше нејзината листа на последните избори за Европски парламент и важи за лојален на премиерот Орбан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира