„Боинг“ објави дека ќе ја купи проблематичната компанија за производство на авионски делови „Спирит аеросистемс“ за 4,7 милијарди долари, во обид да ја реши корпорациската и индустриската криза која го вклучи и неговиот клучен добавувач. „Боинг“ кажа дека вкупната вредност на договорот е околу 8,3 милијарди долари сосе долговите.
„Ербас“, исто така клиент на „Спирит“, рече дека ќе ги преземе основните активности во четири фабрики на добавувачот во САД, Северна Ирска, Франција и Мароко, како и помали активности во Вичита, Канзас. Овој дел од договорот беше поттикнат од одлуката на „Боинг“ да ја откупи својата поранешна подружница, која почна да ги снабдува „Ербас“ и други компании откако стана независна од „Боинг“ пред речиси две децении.
„Ербас“ ќе добие компензација од „Спирит“ од 559 милиони долари, додека истовремено симболично ќе му исплати еден долар за средствата. „Спирит“ ќе ги продаде и своите бизниси во Шкотска, Малезија и Бразил.
Од „Боинг“ кажаа дека договорот со „Спирит“ треба да биде заклучен до средина на 2025.