БОЛСОНАРО ГО СНЕМА ПО ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРАЗИЛ И СÈ УШТЕ НЕ ПРИЗНАЛ ПОРАЗ

    БОЛСОНАРО ГО СНЕМА ПО ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРАЗИЛ И СÈ УШТЕ НЕ ПРИЗНАЛ ПОРАЗМногумина стравуваат дека Болсонаро би можел да се обиде да ја оспори победата на Лула (Фото: АП)

    Повеќе од 16 часа откако ги изгуби претседателските избори од левичарскиот ривал Лула да Силва, актуелниот бразилски претседател Жаир Болсонаро сè уште не се огласи јавно, ниту го призна поразот. Ова предизвикува вознемиреност во земјата, додека приврзаниците на Болсонаро блокираа патишта со камиони во 12 сојузни држави.

    Болсонаро малку беше виден од вчеравечер и се реши за целосен молк, што е невообичаено однесување за лидерот кој ужива да зборува јавно и редовно објавува на социјалните мрежи, како и неговиот политички идол Доналд Трамп. Од таборот на Болсонаро кажаа дека тој одбивал состаноци и повици од најблиските соработници и политичките сојузници.

    Ова создава грижи дека Болсонаро би можел да се обиде да ја оспори тесната победа на Лула, кој освои 50,9% гласови во вториот круг. Меѓународните набљудувачи и дипломати кажаа дека не се сомневаат дека бразилските демократски институции ќе превладеат.

    Голем број светски лидери веќе му честитаа на Лула на победата, што ќе биде негов трет мандат, по оние од 2003 до 2010. Тој не можеше да се кандидира на изборите пред четири години зашто беше во затвор поради обвинение за корупција. Помина 580 дена зад решетки пред обвинението да биде поништено, што му овозможи да се врати на политичката сцена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира