Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се врати во земјата, откако на 30 декември избега во САД.Поранешниот лидер на екстремната десница слетал во главниот град Бразилија со комерцијален лет од Флорида, каде живееше изминативе 3 месеци.
Болсонаро првпат доаѓа во својата земја, каде е покрената истрага откако на 8 јануари неговите приврзаници, кои не ја признаваат победата на Лула да Силва на ланските избори, упаднаа во парламентот, Врховниот суд и во претседателската палата.
Во медиумите имаше многу шпекулации колку луѓе ќе дојдат да го пречекаат поранешниот претседател после 89-дневното отсуство, и затоа има голем полициски кордон на аеродромот. Според сајтот „О глобо“, авионот слетал утрово и имало повеќе полицајци отколку поддржувачи.