БОРИС ЏОНСОН ПОД ОГРОМЕН ПРИТИСОК ДОДЕКА МИНИСТРИТЕ ЈА НАПУШТААТ ВЛАДАТА

    БОРИС ЏОНСОН ПОД ОГРОМЕН ПРИТИСОК ДОДЕКА МИНИСТРИТЕ ЈА НАПУШТААТ ВЛАДАТАЏонсон вели дека е решен да остане на функцијата (Фото: АП)

    Британскиот премиер Борис Џонсон се бори да опстане на функцијата откако владата ја напуштија низа министри, а расте и незадоволството во Конзервативната партија. На денешните пратенички прашања во парламентот, Џонсон кажа дека има огромен мандат од изборите во 2019 и е решен да продолжи.

    Новата политичка криза во Британија почна со вчерашните шокантни оставки на министрите за финансии и здравство, кои кажаа дека веќе не сакаат да бидат дел од оваа влада обремената со скандали, а денеска нивниот пример го следеа и други министри, владини функционери и соработници, чија бројка секој час станува сè поголема.

    Џонсон ги отфрли сомнежите дека нема да може да ги замени министрите кои дадоа оставка, тврдејќи дека има мноштво талентиран кадар во партијата.

    Луѓето веројатно не би сакале избори сега“, кажа Џонсон во парламентот.

    Попладнево ќе се сретнат и лидерите на Конзервативната партија, кои сакаат да покренат ново гласање за доверба на Џонсон. Тој преживеа вакво гласање минатиот месец, што значи дека има имунитет од една година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира