БРАЗИЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ИСТРАЖУВА ЗОШТО БОЛСОНАРО ПОМИНАЛ ДВЕ НОЌИ ВО УНГАРСКАТА АМБАСАДА ДОДЕКА Е ПОД ИСТРАГА ЗА ОБИД ЗА ПУЧ

    БРАЗИЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ИСТРАЖУВА ЗОШТО БОЛСОНАРО ПОМИНАЛ ДВЕ НОЌИ ВО УНГАРСКАТА АМБАСАДА ДОДЕКА Е ПОД ИСТРАГА ЗА ОБИД ЗА ПУЧУнгарскиот премиер Виктор Орбан е сојузник на Болсонаро и двајцата продолжија да одржуваат контакти (Фото: Гети)

    Бразилската полиција истражува зошто поранешниот претседател Жаир Болсонаро поминал две ноќи во унгарската амбасада во Бразилија минатиот месец откако пасошот му беше одземен во рамките на истрагата за обид за пуч.

    Извор запознат со случајот изјави за „Ројтерс“ дека полицискиот извештај ќе биде испратен кај судијата на Врховниот суд, Алесандре де Мораеш, кој нареди истрага за наводен план за воен пуч по поразот на Болсонаро на претседателските избори во октомври 2022. Болсонаро негираше вмешаност во ваков заговор, но некои заповедници на војската и на воздушните сили неодамна откриле дека Болсонаро побарал од нив да се приклучат на пучот, што тие го одбиле.

    Болсонаро престојувал во амбасадата меѓу 12 и 14 февруари, што се базира на снимките од надзорните камери, кои го снимиле неговото влегување во објектот.

    На 8 февруари полицијата го заплени пасошот на Болсонаро и го обвини дека уредувал нацрт-указ за поништување на изборите, ги притискал шефовите на армијата да се приклучат на пуч и планирал да го уапси Мораеш. Судијата Мораеш му дал рок на Болсонаро до денеска да објасни што правел во унгарската амбасада.

    Адвокатот на Болсонаро кажа дека тој бил во амбасадата „за да одржи контакти со официјални лица на пријателската држава“.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан е сојузник на Болсонаро и двајцата продолжија да одржуваат контакти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира