Лидерите на Европска Унија ѝ одобрија на Велика Британија одложување на брегзит за шест месеци. Ова е резултат на петчасовните разговори во Брисел, на кои беше одлучено нов краен рок да биде 31 октомври, со што Велика Британија ја избегна опасноста да излезе од ЕУ на 12 април без договор.
„Мојата порака до британските пријатели е ве молам не го трошете вашето време“, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
Тереза Меј, која се залагаше за пократко одложување, кажа дека ќе се потруди да го спроведе брегзит што е можно побрзо. Велика Британија сега треба да учествува на европските избори на 1 мај или да ја напушти ЕУ без договор на 1 јуни.
Меј предлагаше одложување до 30 јуни, со можност за порано заминување ако британскиот парламент во меѓувреме го ратификува договорот, што досега трипати беше одбиен, во првите два случаи со огромна разлика во гласови.