Седумнаесет години откако се придружија на Европската Унија, Романија и Бугарија конечно добија зелено светло да станат полноправен дел од Шенген зоната. Од 1 јануари, граѓаните на двете источноевропски држави ќе можат слободно да патуваат низ блокот без пасош, одлучија денеска министрите за надворешни работи на ЕУ.
Европската комисија уште во 2011 кажа дека Романија и Бугарија се спремни да се придружат на Шенген зоната, на што во почетокот се противеа многу членки на ЕУ. Со тек на времето, опозицијата се намалуваше, за на крајот да останат само Холандија и Австрија, која последна го тргна ветото. Австрија долго време не попушташе поради загриженоста дека двете држави не чинат доволно за да ја сопрат илегалната имиграција.
Ова следува откако лани беа укинати граничните контроли за патувањата со авион или брод.
Пристапувањето во Шенген е проследено со две привремени ограничувања: контроли на копнените гранични премини меѓу Унгарија и Романија и меѓу Бугарија и Романија ќе останат најмалку шест месеци за да „се спречат сите сериозни закани за јавната политика и внатрешната безбедност“.