БРИТАНИЈА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ОМИКРОН

    БРИТАНИЈА ГО ПОТВРДИ ПРВИОТ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ОМИКРОНБорис Џонсон објави дека од оваа недела, третата доза на ковид вакцината ќе биде достапна за сите возрасни Британци (Фото: ПА)

    Премиерот Борис Џонсон потврди дека во Велика Британија починал најмалку еден пациент заразен со новиот сој на коронавирусот, омикрон.

    „За жал, да. Омикрон доведува до хоспитализации и досега починал најмалку еден пациент“, кажа Џонсон при посетата на клиника за вакцинирање во близина на Лондон.

    Ова следува откако министерот за здравство Саџид Џавид кажа дека во Англија има околу десет хоспитализирани пациенти со омикрон.

    „Треба да ја тргнеме настрана идејата дека ова е некоја поблага верзија на вирусот и да признаеме дека со брзо темпо се шири меѓу популацијата. Најдобрата опција за сите е да се вакцинираат со трета доза“, кажа Џонсон.

    Тој објави дека од оваа недела, третата доза ќе биде достапна за сите возрасни Британци, откако научниците утврдиле дека две дози не се доволни за да се спречи ширењето на оваа мутација.

    „Стапката со која се шири омикрон е нешто невидено досега“, изјави Џавид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира