БРИТАНИЈА ЌЕ ГО ОДЛОЖИ УКИНУВАЊЕТО НА СИТЕ КОРОНАМЕРКИ ПОРАДИ ИНДИСКИОТ СОЈ

    БРИТАНИЈА ЌЕ ГО ОДЛОЖИ УКИНУВАЊЕТО НА СИТЕ КОРОНАМЕРКИ ПОРАДИ ИНДИСКИОТ СОЈМерките би требало да останат на сила уште најмалку четири недели после 21 јуни (Фото: Гети)

    Британската влада ќе го одложи целосното укинување на рестриктивните мерки во земјата, што требаше да се случи на 21 јуни. Извори од владата кажаа дека мерките ќе останат на сила уште најмалку четири недели по овој датум.

    Тоа значи дека ноќните клубови остануваат затворени, а луѓето и натаму се советуваат да работат од дома ако е можно.

    Голем број научници ја повикаа владата да го одложи укинувањето на сите рестрикции, со цел што е можно повеќе луѓе да се вакцинираат поради грижите околу индискиот сој на коронавирусот.

    Се проценува дека 90% од новите случаи на зараза во Велика Британија отпаѓаат на овој сој, за кој се вели дека е 60% попренослив од претходно доминантниот британски сој, а заразените имаат двојно поголеми шанси да завршат во болница. Британија вчера регистрираше речиси 7.500 нови случаи на коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира