БРИТАНИЈА ЌЕ СТАНЕ ПРВА ЗЕМЈА КАДЕ РОДИТЕЛИТЕ КОИ ЗАГУБИЛЕ ДЕТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ДВЕ НЕДЕЛИ ПЛАТЕНО ОТСУСТВО

    БРИТАНИЈА ЌЕ СТАНЕ ПРВА ЗЕМЈА КАДЕ РОДИТЕЛИТЕ КОИ ЗАГУБИЛЕ ДЕТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ДВЕ НЕДЕЛИ ПЛАТЕНО ОТСУСТВОновиот закон е именуван во чест на Џек Херд, кој се удави во 2010 на возраст од 23 месеци (Фото: Гети)

    Родителите кои изгубиле дете ќе добијат двонеделно платено отсуство во Велика Британија.

    Новиот закон ќе стапи на сила во април, со што Велика Британија ќе стане единствената земја со ваква можност, кажаа пратениците.

    Тој ќе биде познат под името Законот на Џек, во чест на Џек Херд, чија мајка Луси водеше кампања за реформи откако тој се удави во 2010 година на возраст од 23 месеци.

    Според новиот закон, родителите кои изгубиле дете помладо од 18 години ќе можат да добијат двонеделно отсуство, што ќе можат да го користат одеднаш или во два блока. Досегашната пракса беа само три слободни дена, што, според Херд, е прекратко време за тагување.

    „Сѐ што е надвор од тој рок мораше да се одзема од деновите за одмор или боледување“, појасни Херд.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари