БРИТАНИЈА НА ПОЛНОЌ ОДИ ВО НОВО ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ ЗАШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРАВИ СО НАПЛИВОТ НА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    БРИТАНИЈА НА ПОЛНОЌ ОДИ ВО НОВО ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ ЗАШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРАВИ СО НАПЛИВОТ НА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСБританија седми ден по ред има повеќе од 50.000 нови случаи на зараза (Фото: Ројтерс)

    Англија на полноќ ќе влезе во нов целосен карантин, сличен на оној што беше воведен во првиот бран на ширењето на коронавирусот во март, што премиерот Борис Џонсон ќе го објави подоцна. Мерките вклучуваат затворање на училиштата за повеќето ученици, а од граѓаните ќе се побара да работат од дома, ако е можно.

    Ова следува откако Велика Британија утрово прогласи „научен триумф“, почнувајќи ја имунизацијата на населението и со вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“.

    Целосно затворање веќе е на сила во Северна Ирска и Велс, а истото на полноќ ќе го воведе и Шкотска, со што на територијата на целата Велика Британија ќе важат строги рестрикции.

    „Моментално имаме многу висока стапка на локално пренесување на вирусот, со значителен број пациенти во болници и на интензивна нега. Бројот на нови случаи расте насекаде и во поголемиот дел од земјата станува збор за новиот сој, кој побрзо се пренесува. Не сме сигурни дека ќе можеме да се справиме со натамошен пораст на бројот на нови случаи“, соопшти Националната здравствена служба.

    Велика Британија денеска регистрираше над 55.000 нови случаи на коронавирус, седми ден по ред како што бројката е поголема од 50.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира