БРИТАНИЈА НАЗНАЧИ МИНИСТЕР ЗА ВАКЦИНИ, ИМУНИЗАЦИЈАТА БИ МОЖЕЛА ДА ПОЧНЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ

    БРИТАНИЈА НАЗНАЧИ МИНИСТЕР ЗА ВАКЦИНИ, ИМУНИЗАЦИЈАТА БИ МОЖЕЛА ДА ПОЧНЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИНадим Захави ќе ја надгледува најголемата програма за вакцинирање во земјата во последните неколку децении (Фото: ПА)

    Велика Британија именуваше министер за вакцини, додека земјата се подготвува за вакцинирање на милиони луѓе против ковид-19, што би можело да почне во наредните денови.

    Премиерот Борис Џонсон изјави дека досегашниот министер за бизнис и индустрија Надим Захави ќе ја надгледува најголемата програма за вакцинирање во земјата во последните неколку децении.

    Британските регулатори моментално разгледуваат две вакцини, една развиена од „Фајзер“ и „БиоНТек“ и другата од Оксфорд и „АстраЗенека“, со цел да се утврди дали се безбедни и ефективни. Весникот „Гардијан“ објави дека болниците биле известени дека најрано на 7 декември ќе ги добијат првите дози од вакцината на „Фајзер“, ако биде одобрена.

    Први кои ќе бидат вакцинирани се здравствените лица и жителите на старечките домови, па ќе следуваат сите лица над 80 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира