БРИТАНИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ СТАВИ ВО ИЗОЛАЦИЈА СИТЕ ЛУЃЕ СО НАД 70 ГОДИНИ

    БРИТАНИЈА ПЛАНИРА ДА ГИ СТАВИ ВО ИЗОЛАЦИЈА СИТЕ ЛУЃЕ СО НАД 70 ГОДИНИМерката на изолација би можела да трае и четири месеци (Фото: Гети)

    Велика Британија планира на подолг период да ги изолира сите луѓе над 70-годишна возраст со цел да ги заштити од коронавирусот, најави министерот за здравство Мет Хенкок.

    Тој додаде дека оваа мерка „ќе бара многу од стари и ранливи лица, но е во интерес на нивна заштита“.

    „Ова е најголемиот предизвик на оваа генерација и бара драматична акција каква што инаку не може да се види во мирно време. Нашата цел е да заштитиме животи“, изјави Хенкок.

    Владата се соочи со голем притисок од јавноста да ја засили борбата против коронавирусот откако во земјата починаа 21 лице, од кои 11 во последните 24 часа. Сите починати имале над 60 години или веќе нарушено здравје. Во Британија има и 1.140 заразени.

    Се најавува дека мерката на изолација би можела да трае и четири месеци.

    „Ќе излеземе со повеќе детали кога ќе дојде време за тоа. Оваа мерка досега не почна да се спроведува бидејќи бара многу долго време“, изјави Хенкок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира