БРИТАНСКАТА ВЛАДА ЌЕ ПОБАРА ОД КРАЛИЦАТА ДА ГО СУСПЕНДИРА ПАРЛАМЕНТОТ ЗА ДА МОЖЕ ДА ГО СПРОВЕДЕ БРЕГЗИТ

    БРИТАНСКАТА ВЛАДА ЌЕ ПОБАРА ОД КРАЛИЦАТА ДА ГО СУСПЕНДИРА ПАРЛАМЕНТОТ ЗА ДА МОЖЕ ДА ГО СПРОВЕДЕ БРЕГЗИТЏонсон е подготвен да ја изведе Британија од ЕУ на 31 октомври и без постигнат договор (Фото: Ројтерс)

    Британската влада ќе побара од кралицата Елизабета Втора да го суспендира парламентот неколку дена откако пратениците ќе се вратат на работа, односно на неколку недели пред да истече крајниот рок за спроведување на брегзит.

    Тоа ќе ѝ овозможи на новата администрација на Борис Џонсон да го одложи традиционалниот говор на кралицата за идните планови на владата, закажан за 14 октомври. Истовремено, пратениците нема да имаат време да изгласаат ниту еден закон со кој Џонсон би се спречил да ја изведе Велика Британија од Европска Унија на 31 октомври без постигнат договор.

    „Време е новата влада и новиот премиер да направат план за земјата откако ќе излеземе од Унијата“, изјави извор од владата.

    Идејата за затворање на парламентот важи за контроверзна и критичарите велат дека тоа отвора можност за недемократско спроведување на брегзит.

    Велика Британија треба да излезе од ЕУ на 31 октомври, со или без договор и Џонсон претходно кажа дека сака да го спроведе по секоја цена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира