БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА НА 31 ЈАНУАРИ

    БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА НА 31 ЈАНУАРИЏонсон доби поддршка за својот план за повлекување од ЕУ со мнозинство од 124 гласови (Фото: АП)

    Британскиот парламент денеска го усвои планот за брегзит на премиерот Борис Џонсон, според кој Велика Британија ќе излезе од Европската Унија на 31 јануари следната година.

    По низа неуспешни обиди, кои доведоа до вонредни избори, Џонсон конечно доби поддршка за својот закон за повлекување од ЕУ, и тоа со мнозинство од 124 гласови. Законот исто така забранува продолжување на транзицискиот период на подолго од 2020 година.

    „Земјата сега е чекор поблиску до завршувањето на брегзит“, изјави Џонсон.

    Лидерот на Лабуристите Џереми Корбин им сугерираше на своите пратеници да гласаат против законот, но шестмина од нив сепак го поддржаа.

    Џонсон инсистира дека трговскиот договор со Европската Унија ќе остане на сила до завршувањето на транзицискиот период, но критичарите сметаат дека тоа е нереалистично.

    Законот овојпат помина лесно во парламентот откако на неодамнешните избори Конзервативната партија значително го зголеми своето мнозинство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира