БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИЗГЛАСА ПОДДРШКА ЗА БРЕГЗИТ

    БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ИЗГЛАСА ПОДДРШКА ЗА БРЕГЗИТСо оваа одлука, Велика Британија може да ги продолжи преговорите за излегување од ЕУ (Фото: Блумберг)

    Пратениците во британскиот парламент ноќеска изгласаа поддршка за законот за излегување на Велика Британија од Европската Унија, со што и овозможија на премиерката Тереза Меј да го забрза овој процес.

    За законот гласаа 326 пратеници, а 290 беа против, на седницата што се одржа ноќта од понеделник на вторник.

    Премиерката Меј го поздрави гласањето во парламентот.

    „Оваа одлука значи дека имаме сигурни темели да продолжиме со преговорите. Парлементот донесе историска одлука да ја поддржи волјата на народот и ни даде сигурност во пресрет на нашето повлекување од Европската Унија“, изјави Меј.

    Со оваа одлука, истовремено, беа блокирани обидите на лабуристите да се прекине со донесувањето на законите за раскрстување со ЕУ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира