БРИТАНСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ПРЕДЛОЖАТ ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА НЕ СЕ ДАВА НА ПОМЛАДИ ОД 30 ГОДИНИ

    БРИТАНСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ПРЕДЛОЖАТ ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ДА НЕ СЕ ДАВА НА ПОМЛАДИ ОД 30 ГОДИНИПостојат сѐ повеќе аргументи кои оправдуваат на лицата под 30 години да им се дава некоја друга вакцина (Фото: Ројтерс)

    Британските регулатори планираат да предложат ковид вакцината на „АстраЗенека“ и Оксфорд да не се дава на млади лица поради грижите дека таа може да предизвика редок тип на тромбоза, објави „Ченл 4 њуз“.

    „Два извора ни кажаа дека иако податоците сѐ уште се нејасни, постојат сѐ повеќе аргументи кои оправдуваат на лицата под 30 години да им се дава некоја друга вакцина“, објави британската ТВ-мрежа.

    Британското регулаторно тело МХРА претходно соопшти дека придобивките од вакцината во спречувањето на ковид-19 на големо ги надминуваат ризиците.

    Германија, Франција, Холандија и Канада се меѓу земјите кои ја ограничија употребата на оваа вакцина на одредена возраст, односно над 55-60 години. Германија пријави девет смртни случаи од тромбоза меѓу 2,7 милиони вакцинирани со „АстраЗенека“, а Британија потврди дека починале деветмина од 18 милиони имунизирани со оваа вакцина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира