Супермаркетите во Британија ја ограничуваат продажбата на масло за јадење, откако залихите им се намалија поради војната во Украина.
„Вејтроус“ и „Морисонс“ ги ограничија купувачите на по две пакувања, додека „Теско“ дозволува три пакувања по муштерија.
Најголем дел од сончогледовото масло во Британија доаѓа од Украина и прекинот на извозот поради руската инвазија предизвика недостиг и зголемена побарувачка за алтернативи.
Од британското здружение на трговците велат дека рестрикциите се привремена мерка за да се обезбедат залихи за секого. Анализата на „Асосија“, пак, покажа дека намалените залихи предизвикаа раст на цените на сончогледово масло.