БРОЈОТ НА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕВРОПА ПОВТОРНО РАСТЕ ПО ШЕСТНЕДЕЛЕН ПАД, ВЕЛИ СЗО

    БРОЈОТ НА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕВРОПА ПОВТОРНО РАСТЕ ПО ШЕСТНЕДЕЛЕН ПАД, ВЕЛИ СЗОСпоред СЗО, ситуацијата е најзагрижувачка во источна и централна Европа (Фото: ЕПА)

    Бројот на нови случаи на коронавирус во Европа повторно расте, откако шест недели беше во пад, предупреди Светската здравствена организација.

    „Минатата недела, бројот на нови случаи пораснал за девет отсто, на нешто повеќе од еден милион. Со тоа заврши шестнеделниот пад што носеше надеж, при што во повеќе од половина Европа има пораст на бројот на новозаразени“, изјави директорот на СЗО Европа, Ханс Клуге.

    Тој додава дека ситуацијата е најзагрижувачка во источна и централна Европа.

    „Но, не е само таму, пораст е забележан и во неколку западноевропски држави, каде што стапката на заразата е многу висока. Мора да се вратиме на основите и да се забрза имунизацијата“, порача Клуге.

    Од 53 европски држави, вакцинирањето почнало во 45. Во ЕУ, само 5,4% од населението ја примило првата доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира