БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 НАДМИНА ШЕСТ МИЛИОНИ ОТКАКО ПАНДЕМИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО ТРЕТАТА ГОДИНА

    БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 НАДМИНА ШЕСТ МИЛИОНИ ОТКАКО ПАНДЕМИЈАТА ВЛЕЗЕ ВО ТРЕТАТА ГОДИНАВо Македонија досега починаа 9.086 лица (Фото: СДК.МК)

    Официјалната бројка починати од ковид-19 на светско ниво денеска надмина шест милиони, што потсетува дека пандемијата, која влезе во третата година, и натаму е далеку од завршена, иако државите веќе ги олеснија или целосно укинаа коронамерките.

    Далечните пацифички острови, кои поради изолираноста долго време ѝ одолеваа на пандемијата, дури сега се соочуваат со првите ширења на вирусот и смртни случаи, додека Хонгконг неодамна нареди тестирање на сите свои 7,5 милиони жители. Стапката на смртност и натаму е доста висока во Полска, Унгарија, Романија и другите источноевропски држави, кои сега се справуваат и со бранот бегалци од Украина.

    Истовремено, и покрај високиот животен стандард и достапноста на вакцините, САД се ближат кон бројката од еден милион починати од ковид-19. Во Македонија досега починаа 9.086 лица.

    На коронавирусот му требаа седум месеци за да земе еден милион животи, а во наредните четири месеци починаа уште милион луѓе. Бројот од пет милиони мртви беше достигнат на крајот на октомври. Се верува дека реалната бројка починати е и многу повисока.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира