Неделната бројка починати од ковид-19 во Англија и Велс паднала за 92% од врвот на вториот бран во јануари, покажуваат официјални податоци.
Според Канцеларијата за национална статистика, во неделата што заврши на 19 март во земјата имало 712 починати од компликации од коронавирус, додека на крајот на јануари биле 8.945. Најголем пад на смртни случаи е забележан кај постарите возрасни групи: 92% кај лицата над 80 години и 93,4% кај лицата меѓу 75 и 79 години, додека кај лицата од 60 до 64 година има пад од 83,7%.
Во неделата што заврши на 26 март, во Велика Британија починале 11.439 луѓе, што е 5% под петгодишниот просек. Минатата недела, смртните случаи биле 8% под петгодишниот просек. Од нив, 799 биле поврзани со коронавирус.
Лицата над 80 години беа втората најприоритетна група за вакцинирање против ковид-19, следени од оние под 75 и под 70 години. Владата кажа дека сите кои припаѓаат на овие групи биле вакцинирани до средина на февруари.
Над шест милиони Британци досега имаат примени две дози, а 31,8 милиони една. Во Британија вчера имаше 3.030 нови случаи на коронавирус и 53 починати.
Владата и натаму ја уверува јавноста да продолжи да се вакцинира со „АстраЗенека“. Меѓу 20 милиони дадени дози од оваа вакцина, во земјата имало 79 случаи на тромбоза, од кои 19 биле со фатален исход.