БРОЈОТ НА УМРЕНИ ОД СИПАНИЦИ ВО ЕВРОПА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА ЧЕТИРИ ПАТИ, ОБЈАВИ СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

    БРОЈОТ НА УМРЕНИ ОД СИПАНИЦИ ВО ЕВРОПА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА ЧЕТИРИ ПАТИ, ОБЈАВИ СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈАМеѓу европските земји, во Украина лани имало најголема епидемија на морбили, со 4.767 заразени (Фото: Слободна Европа)

    Бројот на смртни случаи предизвикани од сипаници во Европа се зголемил за четири пати минатата година, на 35, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

    Вкупно 21.135 случаи се регистрирани во Европа во 2017 година, во споредба со 5.273 од претходната година и Украина со 4.767 заразени со сипаници е предводник на земјите зафатени со оваа епидемија. Веднаш зад неа се Романија и Италија, објави СЗО.

    Според Организацијата, во овие три земји е забележано намалено ниво на редовна вакцинација, послаба контрола меѓу некои маргинализирани групи и прекин во снабдувањето со вакцини.

    Епидемија се прогласува доколку има 100 или повеќе разболени и таа лани погодила 15 европски држави.

    „Секој нов случај на морбили во Европа нѐ потсетува дека сите невакцинирани деца и возрасни, без разлика каде живеат, се во опасност да се разболат и потоа да ја шират болеста меѓу оние кои не се во можност да се вакцинираат“, вели Зузана Јакаб, регионалната директорка на СЗО за Европа.

    Други земји во коишто имало поголемо ширење на морбили лани се Грција (967 случаи), Германија (927), Србија (702), Франција (520), Белгија (369), Велика Британија (282) и Бугарија (167).

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира