БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ВЧЕРАШНАТА НЕСРЕЌА НА ПОПУЛАРНИОТ ТРАМВАЈ ВО ЛИСАБОН ПОРАСНА НА 16, ВЛАСТИТЕ ЗАПОЧНАА ИСТРАГА

    БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ВЧЕРАШНАТА НЕСРЕЌА НА ПОПУЛАРНИОТ ТРАМВАЈ ВО ЛИСАБОН ПОРАСНА НА 16, ВЛАСТИТЕ ЗАПОЧНАА ИСТРАГАПричината за несреќата засега не е позната (Фото: АП)

    Знамињата во Лисабон се на пола копје откако најмалку 16 луѓе загинаа во вчерашната несреќа на историскиот трамвај „Глорија“, за што португалските власти започнаа истрага. Властите кажаа дека останатите две линии се затворени заради инспекција.

    Снимките од местото на настанот ги прикажуваат искривените остатоци од жолтата жичница слична на трамвај, која превезува луѓе по стрмниот рид во Лисабон, како лежат таму каде што излетала од пругата и удрила во зграда.

    Причината за несреќата засега не е позната, но португалскиот весник „Обсервадор“ објави дека сајла се олабавила по трасата на пругата, поради што вагонот ја изгубил контролата и удрил во блиската зграда.

    Мануел Леал, лидер на синдикатот „Фектранс“, изјави дека работниците на пругата на еден од симболите на градот се пожалиле на проблеми со затегнатоста на кабелот за транспорт на трамвајот, но било прерано да се каже дали тоа е причината за несреќата. Општинската компанија за јавен превоз „Карис“ соопшти дека сите протоколи за одржување биле спроведени, вклучувајќи месечни и неделни програми за одржување и дневни инспекции.

    Бројот на починати порасна за еден во однос на синоќа и сега изнесува 17, додека 21 лице е повредено. Идентитетот на жртвите засега не е објавен, но властите кажаа дека меѓу нив има и странски државјани. Меѓу повредените има и државјани на Португалија, Германија, Шпанија, Јужна Кореја и Мароко.

    Линијата која беше отворена во 1885 година го поврзува центарот на Лисабон со ридската четврт Баира Алто позната по живиот ноќен живот. Според градските власти, „Глорија“ превезува три милиони луѓе годишно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира