БУГАРИЈА ЈА ПРОДОЛЖИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ ДО 1 ЈУЛИ

    БУГАРИЈА ЈА ПРОДОЛЖИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ ДО 1 ЈУЛИ„Ги имаме најлибералните мерки на светот“, кажа премиерот Борисов (Фото: 24 часа)

    Бугарија ќе ја продолжи вонредната состојба до крајот на јуни поради порастот на бројот на нови случаи на коронавирус, објави премиерот Бојко Борисов.

    Бугарија ги олесни повеќето од рестриктивните мерки воведени во средината на март, при што повторно ги отвори трговските центри и угостителските објекти. Борисов кажа дека владата засега не планира да воведе нови ограничувања, туку само им порача на луѓето да држат дистанца. Носењето маска е задолжително само во јавниот превоз.

    „Ги имаме најлибералните мерки на светот и ако успееме, ќе бидеме држава за пример“, кажа Борисов.

    Во изминатите 24 часа, во земјата се регистрирани 79 нови случаи на коронавирус, по што Борисов објави продолжување на вонредната состојба за уште 15 дена, односно до 1 јули. Во Бугарија досега има 2.889 заразени и 167 починати од КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира