БУГАРИЈА НЕ Е МЕЃУ ДЕВЕТТЕ ЗЕМЈИ КОИ ПОБАРАА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДА СЕ ВРАТИ НА АГЕНДАТА НА ЕУ

    БУГАРИЈА НЕ Е МЕЃУ ДЕВЕТТЕ ЗЕМЈИ КОИ ПОБАРАА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДА СЕ ВРАТИ НА АГЕНДАТА НА ЕУВисокиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел со Никола Димитров и Бујар Османи по состанокот на 21 јануари 2021. (Фото: Твитер)

    Деветмина министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ му пишаа писмо на Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел да го врати Западниот Балкан на агендата на ЕУ и меѓу нив не е Бугарија, која се претставува како најголем поборник за интересите на земјите од Западен Балкан. Станува збор за министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка, Грција, Романија, Словенија, Хрватска, Германија, Ирска и Словачка, кои во заедничкото писмо велат дека е неопходно ЕУ да има стратешка дискусија за иднината на Западен Балкан на еден од нивните следни состаноци, бидејќи трети страни се поактивно се ангажираат во регионот.

    „Веруваме дека е крајно време да погледнеме стратешки на Западен Балкан. Многу работи се сменија од нашата последна дискусија во август 2019 година. Имаше динамични внатрешни политички случувања во земјите од регионот. Покрај тоа, пандемијата ги влоши веќе постоечките трендови, вклучително и геополитичките импликации. Другите актери се подготвени да стапат во регионалните работи, честопати на наша сметка. Додека ЕУ мобилизира огромна поддршка на регионот, другите актери беа поефикасни во презентирањето на нивната поддршка и со тоа ја поткопаа нашата доверливост, кредибилитет и перцепција на нашата солидарност. Како ЕУ, треба да му пристапиме на регионот не само преку леќите за проширување, туку и преку надворешна политика. Треба да разговараме како да одговориме на внатрешните случувања на теренот и на поактивното ангажирање на третите актери“, се вели во писмото од 5 март.

    Дополнително, се вели во писмото, САД се подготвуваат повторно да се вклучат во регионот и за да работиме рамо до рамо со нив како наш клучен партнер, од нас се бара да имаме заеднички став.

    На 8 март, италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо кажа дека лично се заложил да се надмине ветото со кое Бугарија го блокираше одобрувањето на преговарачката рамка за Македонија, на заедничката прес-конференција со македонскиот колега Бујар Османи во Рим. Денеска, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри уште еднаш нагласи дека билатералните прашања не треба да го условуваат процесот на проширување, во интервју за „Независен“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира