БУГАРИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ НА 2 ОКТОМВРИ, ВЛАДАТА ДОТОГАШ ЌЕ ЈА ВОДИ ГАЛАБ ДОНЕВ

    БУГАРИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ НА 2 ОКТОМВРИ, ВЛАДАТА ДОТОГАШ ЌЕ ЈА ВОДИ ГАЛАБ ДОНЕВРадев го назначи поранешниот министер за труд Галаб Донев за технички премиер (Фото: БГНЕС)

    Бугарскиот претседател Румен Радев закажа вонредни парламентарни избори на 2 октомври и го назначи поранешниот министер за труд Галаб Донев за технички премиер. Тоа ќе бидат четврти парламентарни избори во Бугарија за помалку од две години, а следуваат по распаѓањето на коалициската влада на Кирил Петков.

    Техничката влада предводена од Донев, во која министер за надворешни работи ќе биде Николај Милков, ќе почне со работа утре и се очекува да заземе помек став кон Русија, со цел да се обнови снабдувањето со гас. Таа исто така би можела да се обиде да ги подобри односите со Москва, откако владата на Петков протера 70 руски дипломати поради наводно шпионирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира