БУГАРИЈА ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ИЗЛЕГУВА ОД ПОЛИТИЧКА КРИЗА ОТКАКО ЧЕТИРИ ПАРТИИ ДОГОВОРИЈА ВЛАДЕЈАЧКА КОАЛИЦИЈА

    БУГАРИЈА ПО ОСУМ МЕСЕЦИ ИЗЛЕГУВА ОД ПОЛИТИЧКА КРИЗА ОТКАКО ЧЕТИРИ ПАРТИИ ДОГОВОРИЈА ВЛАДЕЈАЧКА КОАЛИЦИЈАЛидерот на Ја продолжуваме промената Кирил Петков ќе биде нов премиер на Бугарија (Фото: БТА)

    Новата партија Ја продолжуваме промената (ПП), која победи на последните, трети парламентарни избори во Бугарија оваа година, објави дека потпишала широк коалициски договор со социјалистичка, популистичка и централно-десничарска фракција, со што земјата ќе излезе од осуммесечна политичка парализа. Претседателот Румен Радев утре ќе ѝ додели мандат на ПП, по што Бугарија конечно ќе добие регуларна влада, од која се очекува вистински да почне да се бори против корупцијата.

    Еднодецениското владеење на Бојко Борисов заврши во април, но Бугарија потоа уште двапати излегуваше на избори. По третите избори на 14 ноември, ПП успеа да договори коалиција со Социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија.

    Лидерот на ПП и иден премиер Кирил Петков утре ќе ги предаде своите предлози за министри, за кои ќе се гласа во парламентот најрано в понеделник.

    „Договорот на 140 страници ги содржи сите детали за нашите политики. Тој дава шанси коалицијата да биде силна и да работи на долги патеки“, изјави 41-годишниот Петков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира