БУГАРИЈА ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКА НА ОТВОРЕНО ПО РЕКОРДНАТА БРОЈКА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС

    БУГАРИЈА ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКА НА ОТВОРЕНО ПО РЕКОРДНАТА БРОЈКА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСНовата мерка во Бугарија ќе биде на сила до крајот на ноември (Фото: ЕПА)

    Бугарија воведе задолжително носење заштитна маска на отворено, мерка што ќе биде на сила од четврток до крајот на ноември, откако во земјата вчера беше регистрирана рекордна бројка новозаразени со коронавирус, објави Министерството за здравство.

    Министерот Костадин Ангелов кажа дека заштитните маски, заедно со социјалното дистанцирање и редовната дезинфекција, ќе го успорат ширењето на коронавирусот за 30% и ќе помогнат да не се преоптовари здравствениот систем.

    „Очекуваме стапката на заразата да се намали ако луѓето стриктно се придржуваат до мерките. Нашата цел е да се намали бројот на заразени Бугари, за да има помалку луѓе во болници и помалку смртни случаи“, кажа Ангелов.

    Бугарија вчера потврди 1.024 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд. Меѓу нив се и 71 здравствени работници. Во земјата досега има над 30.500 заразени и 1.008 починати од ковид-19.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира