Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека ќе поднесе оставка откако првичните резултати од претседателските избори покажаа дека неговата партија ГЕРБ претрпе тежок пораз.
Првите резултати покажуваат дека генералот Румен Радев, 53 годишен шеф на бугарските воени сили добил 58 отсто од гласовите. Тој иако непартиски, на овие избори беше кандидат на опозициската Социјалистичка партија
„Ја признаваме волјата на граѓаните и им честитаме на тие што добија мнозинство гласови“, рече Борисов.
Цецка Цачева, 58 годишен адвокат и член на Борисовата центро-десничарска партија освоила околу 36 проценти од гласовите.