БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАДЕВ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАДЕВ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАРадев планира да формира своја партија за претстојните парламентарни избори

    Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка, подгревајќи ги шпекулациите дека ќе формира своја политичка партија за претстојните парламентарни избори. Мандатот на Радев траеше до јануари 2027, а до претседателските избори во ноември ќе го менува потпретседателката Илијана Јотова.

    Радев, кој дели проруски ставови и кој беше скептичен за приклучувањето на Бугарија кон еврозоната, првпат беше избран за претседател во 2016 и пет години подоцна го освои вториот мандат.

    Неговата оставка, што широко се очекуваше во Бугарија, доаѓа во услови на политичка криза што ја води земјата кон осмите парламентарни избори за период од четири години. Поради фрагментираниот парламент, победниците на овие избори не успеваа да освојат мнозинство или да создадат трајни коалиции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира