БУТАРИС СПИЕЛ КОГА ПРЕДЛОЖИЛ ДА СЕ СМЕНИ ИМЕТО НА СОЛУНСКИОТ АЕРОДРОМ

    БУТАРИС СПИЕЛ КОГА ПРЕДЛОЖИЛ ДА СЕ СМЕНИ ИМЕТО НА СОЛУНСКИОТ АЕРОДРОМОд средбата на премиерот Зоран Заев и солунскиот градоначалник Јанис Бутарис во Скопје во ноември (Фото: СДК.МК)

    Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис вели дека спиел кога за грчката телевизија „Скај“ изјавил дека треба да се смени името на солунскиот аеродром „Македонија“, пренесе државната агенција МИА. Тој во утринска програма на „Скај“ кажал дека солунскиот аердром треба да го носи името на славниот грчки кошаркар Никос Галис.

    „Одеднаш, утрово ми се јавуваат од ‘Скај’, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме праша една госпоѓа од ‘Скај’, не и го помнам името, кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис“, ја пренесе МИА изјавата на Бутарис.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира