ЧАРЛС ТРЕТИ ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА ФРАНЦИЈА ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ПЕНЗИСКИТЕ РЕФОРМИ

    ЧАРЛС ТРЕТИ ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА ФРАНЦИЈА ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ ПЕНЗИСКИТЕ РЕФОРМИВо неколку градови вчера имаше повремени насилства и судири со полицијата (Фото: ЕПА)

    Кралот Чарлс Трети ја одложи посетата на Франција на барање на претседателот Емануел Макрон, што следува по уште еден ден на масовни и на моменти насилни протести против пензиските реформи. Елисејската палата ја донесе оваа одлука зашто следните протести се најавени за вторник.

    Кралот требаше в недела да ја почне посетата на Париз и Бордо, но токму во овие градови вчера се регистрирани некои од најголемите нереди. Во Бордо дури беше запален влезот на градското собрание.

    Бакингамската палата соопшти дека посетата се одложува поради ситуацијата во Франција, а на барање на Макрон.

    „Претседателот Макрон утрово збореше со кралот. Посетата ќе биде презакажана најрано што може, со цел неговото височество да биде пречекано во услови што одговараат на нашето пријателство“, кажаа од Елисејската палата.

    Во неколку градови вчера имаше повремени насилства и судири со полицијата за време на генерално мирните протести, на кои им се приклучија над милион луѓе. Повеќе од 900 помали огнови биле запалени во Париз, каде што ѓубрето не се собира од улиците уште од 6 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира