ЧЕРНОБИЛ НЕМА СТРУЈА, УКРАИНА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РАДИЈАЦИЈАТА

    ЧЕРНОБИЛ НЕМА СТРУЈА, УКРАИНА ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РАДИЈАЦИЈАТАНуклеарната централа Чернобил минатата недела беше заземена од руските сили (Фото: Гети)

    Украина ја повика Русија да прогласи прекин на огнот за да се дозволи поправка на електричната мрежа до затворената нуклеарна централа Чернобил, предупредувајќи дека би можело да дојде до истекување на радијацијата ако продолжи прекинот во електроснабдувањето.

    Украинската компанија за атомска енергија „Енергоатом“ кажа дека поради борбите помеѓу руските и украинските сили било невозможно веднаш да се поправи високонапонската мрежа до централата, која минатата недела беше заземена од Русите.

    „Од ‘Енергоатом‘ велат дека би можело да дојде до ослободување на радиоактивни супстанци ако централата не може да го лади искористеното нуклеарно гориво. Резервните дизел генератори можат да ја напојуваат централата 48 часа“, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

    Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) вчера кажа дека веќе не добива податоци од системите на централата и побара од Русите да дозволат ротација на персоналот.

    „Иако со немањето струја се прекршуваат клучни безбедносни стандарди, во овој случај нема критично влијание врз безбедноста“, соопшти ИАЕА.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира