Чешкиот претседател Петр Павел е превезен во болница откако се повредил возејќи мотоцикл, потврдија од неговата канцеларија. Оттаму рекоа дека повредите не се сериозни, но ќе бидат следени. Детали за несреќата не се соопштени.
Чешката полиција кажа дека не ја истражува несреќата зашто се случила на затворена тркачка патека, а не на јавен пат.
Шеесет и двегодишниот Павел е љубител на мотоцикли и моментално вози модел „БМВ Р1200 ЦС“. Минатата година, тој јавно се извини откако беше снимен како вози мотор без кацига.
Павел беше избран за претседател во март 2023 и набргу по инаугурацијата возеше мотор до германската покраина Баварија.