ЧЕТИРИ ХОЛАНДСКИ ПАРТИИ ДОГОВОРИЈА КОАЛИЦИЈА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ПО ИЗБОРИТЕ

    ЧЕТИРИ ХОЛАНДСКИ ПАРТИИ ДОГОВОРИЈА КОАЛИЦИЈА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ПО ИЗБОРИТЕЗа Марк Руте ова ќе биде четврти премиерски мандат (Фото: АФП)

    Четири партии договорија формирање владејачка коалиција, со што е ставен крај на најдолгиот политички застој во историјата на Холандија. Холанѓаните излегоа на гласање во март годинава, за потоа земјата да функционира без влада цели девет месеци. Претходниот рекорд датираше од 2017, кога Холандија немаше влада нешто повеќе од седум месеци.

    Четирите партии, меѓу кои и ВВД на актуелниот премиер Марк Руте, денеска ќе го претстават својот коалициски договор, а за новата влада утре ќе се гласа во парламентот.

    „Мислам дека имаме добар договор“, изјави Руте, кој беше привремен премиер во изминатите месеци.

    Преговорите помеѓу многуте партии во холандскиот парламент се одолжија зашто сè до октомври не беше јасно кои партии би ја сочинувале коалицијата. Покрај ВВД, во владата влегуваат прогресивната партија Д66, ЦДА од десниот центар и конзервативната Христијанска унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира