Четворица американски војници загинале за време на тренинг во Литванија, потврди генералниот секретар на НАТО Марк Руте, додавајќи дека не ги знае деталите.
Литванската војска порано денеска кажа дека се трага по четворица американски војници и нивното возило, откако исчезнале вчера попладне. Канцеларијата на американската војска во германскиот град Висбаден објави дека војниците во тоа време спроведувале тактички тренинг.
Литванската државна телевизија ЛРТ објави дека војниците исчезнале за време на вежба на полигон во Пабраде, град оддалечен околу десет километри од границата со Белорусија.