ЧЕТВОРИЦА ПАТНИЦИ НА ЛЕТ ОД ЦИРИХ ЗА БЕЛГРАД УАПСЕНИ ЗАШТО ОДБИЛЕ ДА НОСАТ МАСКА

    ЧЕТВОРИЦА ПАТНИЦИ НА ЛЕТ ОД ЦИРИХ ЗА БЕЛГРАД УАПСЕНИ ЗАШТО ОДБИЛЕ ДА НОСАТ МАСКААвионот на „Свис“ доцнел четири и пол часа со полетувањето поради инцидентот

    Летот на „Свис ерлајнс“ од Цирих за Белград во петокот доцнел четири и пол часа зашто четворица патници одбиле да стават заштитна маска. Авионот „ербас А321“ почнал да се движи кон пистата во Цирих кога екипажот го известил пилотот дека четворица патници одбиваат да носат маска – правило што воведено поради пандемијата на коронавирусот.

    „Неколкумина луѓе почнаа да предизвикуваат непријатности за останатите патници и одбиваа да ги следат инструкциите на екипажот. Како резултат на тоа, од патниците беше побарано да го напуштат авионот“, соопшти швајцарската авиокомпанија.

    Властите дури повикале полиција, која ги уапсила четворицата непослушни патници.

    „Очекуваме од патниците да ги почитуваат правилата за заштита од коронавирусот кога патуваат со нас. Ако одбиваат да ги почитуваат, добиваат писмено предупредување. Ако и тоа не функционира, ја повикуваме полицијата“, додаваат од компанијата.

    По пристигнувањето на полицијата, авионот конечно полетал од Цирих со четири и пол часа задоцнување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира